Во премиерниот натпревар од 32. ракометно првенство на Македонија во машка конкуренција минатогодишниот вицешампион Алкалоид со убедлив настап против градскиот ривал Скопје оствари триумф од 40:19, како гостин во својата сала во Автокоманда.
Избраниците на тренерот Кирил Лазаров во текот на целиот меч доминираа и му ја наполнија мрежата до врв на градскиот ривал Скопје. Најефикасен во тимот на Алкалоид беше францускиот интернационалец Арно Бинго со шест погодоци, додека исто толку постигна и Леонид Киселовски од екипата на Скопје.
Првото коло од Суперлигата продолжува утре и в недела. Нај привлечниот меч, меѓу конкурентите за титулата Вардар и Еурофарм Пелистер е одложен и ќе се одигра следната недела на 17 септември во 19 часот со СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.