Пред 32 години сите граѓани заедно се определивме за независна и суверена држава, која денес е горда членка на НАТО, но пред нас стои уште еден голем предизвик, членството во ЕУ, напиша вицепремиерот за економски прашања, на социјалната мрежа Фејсбук.
„И како што кажа премиерот Ковачевски на свечената академија, што се одржа по повод Денот на независноста, се наоѓаме во неповторлив контекст кога поради геополитичките прилики и потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент ние сме потребни на ЕУ и на демократската меѓународна заедница како што ни се потребни и тие на нас. Имаме голема одговорност да ги зачуваме и унапредуваме вредностите на демократијата, толеранцијата и мирот. Заедно, да продолжиме да градиме посветла иднина за сите наши граѓани.
Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста“ стои во објавата.