Заеднички проект на ЕУ и УНДП за обнова на училишта оштетени од војната во Украина 

Како дел од напори за враќање на украинските ученици во училишните клупи, ЕУ и Програмата за развој на ОН (УНДП) започна проект за обнова и опремување на најмалку 66 училишта во 11 региони во Украина уништени при вооружените судири во земјата. 

Проектот започна со означување на стартот градежните работи за обнова на првите девет училишта во областа на Житомир. 

По тој повод шефицата на Канцеларијата за хуманитарна помош на ЕУ во Украина, Клаудија Амарал изјави овој проект е доказ за посветеноста на Унијата да обезбеди пристап до образование за што е можно повеќе украински деца. 

– Можноста да се оди на училиште и да се добие образование е основа за просперитетна иднина, не само за секое деца, туку и за целата земја. Затоа обновата на украинските училишта и создавањето безбедни простори за учење на учениците се меѓу главните приоритети на ЕУ, рече Амарал. 

Постојаниот претставник на УНДП во Украина, Џеко Силиерс, пак, изјави дека сите деца имаат право на образование, без разлика на околностите, дури и во време на војна. 

– За обновата на оваа голема земја ќе бидат потребни талентите и мускулите на секој украински маж и жена. Затоа, ниту еден ум не треба да биде запоставен и нема време за губење. Треба да ги вратиме сите деца во безбедни училишта за да можат да ги научат вештините денес, што ќе и бидат потребни на Украина утре, рече Силиер. 

Според податоците на украинското Министерство за образование и наука, од почетокот на вооружениот конфликт во Украина во 2014 година, оштетени се 3.758 училишта, градинки и други образовни институции во 18 региони во земјата, од кои 363 се целосно уништени.

Треба да знаете
Последни објави