„Ви благодариме за љубовта и поддршката“: Кралот Чарлс III со посебна порака ја одбележа првата годишнина од смртта на Елизабета Втора

Британскиот крал Чарлс Трети денеска се заблагодари за „љубовта и поддршката“, на првата годишнина од смртта на неговата мајка кралицата Елизабета Втора и неговото доаѓање на тронот.

Во својата кратка порака, што ќе биде објавена денеска, кралот Чарлс III и се заблагодари на нацијата за „љубовта и поддршката“ што им ја покажаа нему и на кралицата Камила во текот на првата година од неговото владеење.

Тој објави аудио порака, придружена со омилена фотографија на Елизабета Втора, во која вели дека се сеќава на „посветената служба на покојната кралица и на сето она што таа значеше за многумина од нас“, пренесува Би-Би-Си.

„Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на нејзиното покојно височество и моето преземање на функцијата, со голема љубов се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и на сето она што таа значеше за многумина од нас“, рече Чарлс.

Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст во замокот Балморал на 8 септември минатата година, само неколку месеци по нејзиниот платинест јубилеј, одбележани 70 години од британскиот трон.

Треба да знаете
Последни објави