Шпанија неочекувано лесно и убедливо ја почести Грузија со „седумка“ (7:1) во вечерашниот меч од групата во квалификациите за ЕП 2024 што се одигра во Тбилиси. Овој натпревар долго ќе го памети тинејџеерот на Барселона Ламине Јамал, кој постигна историско остварување како најмлад фудбалер кој постигнал гол за шпанската репрезентација.
Јамал стана најмлад дебитант во шпанскиот национален состав, првиот меч играјќи го на 16 години и 57 дена, што е за повеќе од една година помлад од досегашниот рекордер Гави (дебитираше на 17 години и 62 дена за Шпанија). Алваро Мората Мората постигна три гола во Тбилиси, а останатите три погодоци беа дело на Олмо, Нико Вилијамс и на Квирквелија, кој си ја затресе сопствената мрежа.
Ова беше втора победа во третиот квалификациски меч за Шпанците, како одговор на поразот во претходната пресметка на гости кај Шкотска (0:2).