Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека по седницата на Генералното собрание на ОН ќе има консултации со претставници на политичките партии и ќе донесе одлука за распишување вонредни избори.
„Сакам да кажам дека разговарав со претставници на политичките партии на власт и гледам дека постои расположение да се исполнат барањата на поранешниот режим“, изјави Вучиќ за новинарите во Претседателството.
Тој рече дека по „разговорите за Косово и Метохија“ и седниците на собранието на ОН, најпрво ќе одржи заеднички средби со претставниците на власта и дека ќе побара од нив „да ги земат предвид сите молби, барања и закани на претставниците на поранешниот режим“, а потоа соодветно ќе донесе одлука.