Најмногу самоубиства во ЕУ во Литванија, Унгарија и Словенија, најмалку во Кипар, Малта и Грција

Највисока стапка на самоубиства во земјите членки на ЕУ е регистрирана во Литванија и тоа 21,3 случаи на 100.000 жители, пред Унгарија со 17,1, Словенија со 17,0 и Естонија 16,3 самоубиства на 100.000 луѓе.

Од друга страна најниска стапка на самоубиства пер капита има Кипар со 3,5 случаи на 100.000 жители, пред Малта и Грција со по 4,0, Италија со 5,6 и Словачка 6,9. 

Европската статистичка служба – Евростат по повод Светскиот ден за превенција од самоубиства – 10 септември објави дека во земјите на ЕУ во 2020 година се регистрирани вкупно 47.252 самоубиства, што претставува намалување за 13,5 отсто во споредба со 2011 година, кога имало 54.623 случаи на самоубиства, соопшти денеска

Податоците покажуваат и дека, како и во претходните години, и во 2020 година стапката на самоубиства е значително повисока кај мажите, отколку кај жените, односно 77,1 отсто од вкупниот број самоубијци биле мажи. 

На самоубиства отпаѓаат 0,9 проценти од вкупниот број на смртни случаи во ЕУ во 2020 година, што претставува 10,2 самоубиства на 100.000 жители. 

Треба да знаете
Последни објави