Хрватите убедливи, Ерменија освои бод против Турција

Фудбалската репрезентација на Хрватска беше сигурна и ја совлада Летонија со убедливи 5:0 во натпреварот од петтото коло од групата Д во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Хрватите поведоа во третата минута со голот на напаѓачот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ. Десет минути подоцна Петковиќ се најде во улога на асистент, а вториот гол го постигна новиот фудбалер на холандскиот шампион Феенорд, Лука Иванушец.

Петковиќ беше апсолутно прва фигура на натпреварот, а робусниот напаѓач го постигна вториот свој гол една минута пред да се замине на одмор.

Хрватска во вториот дел постигна уште два гола. Андреј Крамариќ погоди во 68. минута, а потоа и Марио Пашалиќ десет минути подоцна.

Во истатата група Ерменија освои голем бод на гостувањето против Турција (1:1).

Голот за водство на Ерменија го постигна Артак Дашјан во 49. минута, по катастрофалната реакција на турската одбрана. Резервата Бертуг Јилдирим на две минути пред крајот на мечот донесе бод за Турците.

Португалците славеа на гости во Словачка со 0:1, со голот на Бруно Фернандеш постигнат пред крајот на првото полувреме.

Треба да знаете
Последни објави