Бин Салман најави економски коридор меѓу Саудиска Арабија, Европа и Блискиот Исток

Саудискиот престолонаследник и де факто лидер на таа земја, Мохамед бин Салман, најави денеска потпишување на меморандум за разбирање за создавање на економски коридор кој ќе ги вклучи Индија, Европа и Блискиот Исток, јави саудиската државна телевизија Ал Акбарија.

Говорејќи на самитот на Г-20 во Индија, Салман рече дека новиот проект ќе вклучува цевководи за електрична енергија, водородно гориво и железници и ќе придонесе за меѓународната енергетска безбедност, пренесува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави