Татко со скршен глас ги довикува децата во урнатини, дете заглавено: Шокантни слики по земјотресот во Мароко

По најсмртоносниот земјотрес во историјата на Мароко, социјалните мрежи се преплавени со слики кои го покажуваат ужасот на трагедијата што ја доживува земјата.

Во едно од застрашувачките видеа што кружат на платформата „Х“, се слуша гласот на татко со скршено срце како ги бара своите деца во урнатините, додека на друго видео се гледа како дете заглавено под урнатините, не може да излезе, пренесува Sky News Arabia.


За потсетување, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.


Како резултат на земјотресот, повеќе од 1.000 луѓе загинаа, а повеќе од 600 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави