Одбојкарската репрезентација на Србија е претпоследниот учесник во четврфиналето на Европското првенство. Вечерва во првото од последните две осминафинални пресметки Србија со максимални 3:0 (25:21, 26:24, 25:21) ја совладаа Чешка.
Најголема борба се водеше во вториот сет кој и припадна на Србија на разлика.
Противник на Србија во четврфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Полска и Белгија, кој е последната осминафинале пресметка која се игра вечерва.