Лидерот на новиот светски кошаркарски првак Денис Шрудер, го понесе и најблескавото поединечено признание МВП на штотуку завршениое мундобаскет кој се одржа во Филипини, Јапонија и Индонезија. НБА ѕвездата Шрудер со 28 постигнати поени ја предводеше Германија до првата светска титула. Во финалето Германија ја совлада Србија (83:77).
Овој златен медал е прв во историјата на Германија, која претходно на Светските првенства имаше само една бронза. Шрудер зборуваше за тимската хемија која ги краси Германците, а откри нешто повеќе и за амбициите уште на стартот на турнирот.
-Уживаме во секој момент, тренинг и натпревар. Мислам дека тоа е причината поради која дојдовме до овој успех. Знаеме дека следната година се Олимписките игри. Кога почнав да играм за репрезентацијата, сите го знаеја Новицки, ама не беа свесни за силата на тимот. Сега почнаа да ги препознаваат жртвите кои ги направивме, и во Окинава и тука на Филипините. Не знам дали беше во Окинава, имавме состанок и бевме поделени во групи. Добивме шанса сите да си посакаме по нешто, сите рекоа – медал. Ме прашаа мене, а јас на тоа одговорив – злато, изјави Шрудер.