Германија преку Србија до првата титула светски првак во кошарка

Германија е нов светски првак во кошарка. Во финалето на мундобаскетот Германија ја совлада Србија со 83:77. Во изедначена и неизвесна битка, новиот светски првак беше решен во третата четвртина кога „панцерите“ предводени од Денис Шрудер направија двоцифрана предност која им беше доволна на крајот да го кренат пехарот наменет за најдобриот тим во светот.

На завршниот турнир од мундобаскетот кој се одржа во Филипини, Јапонија и Индонезија, селекцијата на новиот светски првак Германија зебележа седум победи на истотолку настапи и со максимален скор заслужено стигна до првата титула светски првак.

Србија добро го почна натпреварот и првата четвртина ја доби со три поени (23:26). Во овој период се повреди Огњен Добриќ по само три минути игра и повеќе не се вратри на паркетот во Манила. Втората четвртина мина во рамноправна игра, Германија ја анулира негативата и на одмор се замина без предност 47:47.

Германците во третата четвртина беа поснаодливи и порасположени да го погодуваат противничкиот кош, па во 28. минута за првпат стигнаа до двоцифрена предност од 64:53. Во последната четвртина Алекса Аврамовиќ ја предводеше Србија во трката за пресврт, но не стигнаа до целта. Србите се доближија на само минус три 78:75, но немаа сили и концентрација за целосен пресврт.

Шрудер со 28 поени беше нјаефикасен во тимот на новит светски владетел, а Аврамовиќ беше најефикасен кај Србија со 21 поен.

Треба да знаете
Последни објави