Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а како дел од годишната програма за работа, вчера (09.09.2023) во непосредна близина на наплатна рампа „Петровец” беше реализирана превентивна активност од областа на заштита од пожари.
Притоа, согласно кампањата за превенција од пожари во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023″, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите и патниците посочија на потребата од особена внимателност и одговорност како клучни во заштитата од пожари. Особено внимание беше обрнато на опасноста од фрлањето запаливи отпадоци вдолж патиштата, како една од главните причини за пожарите на отворено, кои што не ретко може да ги зафатат и шумските површини.
Дополнително полициските службеници на возачите им споделија и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми”.