Флик доби отказ, привремен селектор на Германија ќе биде Фелер

Фудбалската федерација на Германија даде отказ на селекторот Ханси Флик по серијата разочарувачки натпревари на репрезентацијата. Отказот доаѓа по серија слаби резултати на „панцерите“, а последната „капка“ која ја прели чашата со незадоволство беше убедливиот пораз од Јапонија (1:4). Германија следното лето ќе биде домаќин на завршницата од ЕП-2024 и на овој континетален собир ќе настапи со нов селектор. Како најсериозен кандидат за наследник на Флик се споменува Јулијан Наглесман.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Флик е првиот селектор на Германија што добил отказ уште од 1926 година.

Германија синоќа загуби со 4-1 од Јапонија на пријателски натпревар што беше четврти пораз на последните пет средби. За потсетување, „панцерите“ под водство на Флик испаднаа од Светското првенство во Катар минатата година уште во групната фаза. Оман и Костарика се единствените две репрезентации кои Германија успеа да ги победи во последните 12 месеци. Вкупниот ефект на Флик на клупата на националниот тим беше само 12 победи на вкупно 25 натпревари откако го наследи Јоаким Лев во август 2021 година.

Привремен селектор на репрезентацијата ќе биде Руди Фелер, кој го водеше тимот и во минатото од 2000 до 2004 година, а во февруари беше назначен за директор на националниот тим.

Треба да знаете
Последни објави