Молкот на институциите објаснува се, Ковачевски е на врвот од пирамидата на печалење на болните од рак, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Институциите со денови молчат, крадени се цитостатици во организирам облик со години, направен е долг од 20 милиони евра на Клиниката за Онкологија, има сведоштва од жртви и членови на семејствата на жртвите, а ЈО ништо не презема.
На целосно јасен случај, со сведоштва и оштетени, ниту едно лице не е во притвор, а случајот се развлекува.
Сосема јасно е дека врвот на власта е вмешан, зошто во спротива би молчеле институциите?
Одговорност за случајот „Онкологија” мора да има и ќе има, без разлика колку и сега власта да опструира, по промената на власта сите кои печалеле на сметка на животите на граѓаните ќе треба да одговараат.