Македонската фудбалска експедиција пристигна во Валета каде во вторник ќе го одигра петтиот натпревар од квалификациската група Ц за пласман на ЕП-2024 против домашната селекција на Малта. На првиот меч во Скопје Македонија ја совлада Малта со 2:1.
По ремито на Македонија со актуелниот континњетален првак Италија (1-1), „црвено-жолтите“ во Малта пристигнаа полни со самодоверба дека ќе ги осовојата трите бода од новата пресметка со аутсајдерот во групата.
По слетувањето на аеродромот во Малта, меѓу вработените најбаран беше Елиф Елмас, членот на италијанскиот првак Наполи.