Со длабока почит положив цвеќе на бистата на Бобан Трпков-припадник на МВР кој на браникот на татковината трагично го загуби својот живот во 2001 година, а постхумно беше одликуван со медал за храброст, објави утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во чест и сеќавање на македонскиот херој се одржа и 22. Меморијален турнир во мал фудбал, на игралиштето каде што растеше Трпков.
Вечна слава на херојот Трпков, стои во објавата на Спасовски.