Претседателот Стево Пендаровски вечерва во Вила Водно ги пречека колегите од регионот кои утре ќе учествуваат на состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони.
„Добредојде за моите колеги од регионот со кои утре очекувам да имаме конструктивна дискусија на состанокот во рамките на Процесот брдо-Бриони”, напиша Пендаровски на Фејсбук, објавувајќи фотографии од пречекот на лидерите.
На фотографиите се претседателите на Словенија – Наташа Пирц Мусар, на Хрватска. – Зоран Милановиќ, на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, на Косово – Вјоса Османи, на Албанија – Бајрам бегај и членовите на Босанското претседателство Жељка Цвијановиќ и Денис Беќиревиќ. На вечерата, според фотографиите, присутни биле и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи.