Австрискиот канцелар се залага за прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

 Австрискиот канцелар Карл Нехамер во интервју за „Велт“ изјави дека е против продолжување на преговорите за членство на Турција во ЕУ и ги повика земјите-членки да развијат нов формат на соработка меѓу Брисел и Анкара.

Преговорите со ЕУ за пристапување на Турција почнаа пред 18 години, но веќе пет години се замрзнати, пишува„Велт“. Сепак, тој сака Анкара да учествува во преговорите за прекин на огнот во Украина. „Ние го поддржуваме натамошното зближување меѓу Анкара и Брисел, но полноправното членство на Турција во ЕУ за нас е незамисливо“, рече канцеларот Карл Нехамер во интервјуто.

„Велт“ потсетува на минатонеделната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Анкара и изјавата на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан дека ЕУ не може да биде глобален играч без Турција и дека преговорите мора да се обноват.

Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, а преговорите кои започнаа во декември 2005 година беа прекинати во 2018 година поради континуирано кршење на владеењето на правото и основните демократски права во Турција. Од 16 отворени од вкупно 35 преговарачки поглавја, досега е затворено само едно.

– Важно е да бидеме искрени еден со друг, што вклучува и официјално завршување на повеќегодишните замрзнати пристапни преговори и развивање на нов концепт на добрососедска соработка, посочува австрискиот канцелар и додаде дека за ЕУ, Турција останува многу важен партнер.

Истовремено, канцеларот нагласи дека Турција и Австрија во моментов успешно соработуваат на билатерална основа за подобрување на односите меѓу двете земји. „Во блиска иднина ќе се сретнам со турскиот претседател Реџеп Ердоган“, најави шефот на австриската влада и шеф на Австриската народна партија

Треба да знаете
Последни објави