Поради протест пред Влада, вечерва и утре посебен режим на сообраќај

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржување на протести пред Владата, вечерва и утре ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

– Со почеток во 18 часот, поради одржување на јавен собир пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, пишува во соопштението.

Посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје ќе има и утре во периодот од 10 до 12 часот.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави