Центарот за управување со кризи потврди дека гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден.
Густиот чад се гледа и од Скопје, а директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека е запалена трска, што во моментов ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Според него нема опасност пожарот да се прошири на приватни куќи.