Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска и утре престојува во Скопје, каде ќе оствари средби со претставници на власта и опозицијата. На неговата посета се гледа како на нова дипломатската офанзива за уставните измени.
Сарацин денеска е на средби со собранискиот спикер, Талат Џафери, со премиерот Димитар Ковачевски, со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, со кого, како што е најавено, ќе се состане во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
За утре е планирана средба на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и негово учество на конференција на тема „Подобрување на Берлинскиот процес, преку парламентарна демократија“.