Камала Харис: Средба меѓу Ким Џонг-Ун и Путин е знак на очај за Русија

Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека потенцијалната средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и рускиот претседател Владимир Путин би била „огромна грешка“ за Северна Кореја и „чин на очај“ за Русија.

Таа изрази цврсто уверување дека средбата дополнително ќе ги изолира и Русија и Северна Кореја.

– Кога размислуваме за руската агресија во Украина … Тоа е апсолутно прекршување на еден од најважните договори што ги имаме ширум светот во однос на меѓународните правила и норми, а тоа е важноста на суверенитетот и територијалниот интегритет, рече Харис во интервју за Си-Би-Ес.

Американски официјален претставник минатата недела изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун планира да ја посети Русија овој месец за да се сретне со Путин.

Состанокот би бил прва средба на Ким со странски лидер откако Северна Кореја ги затвори своите граници во јануари 2020 година поради коронавирусот. 

Треба да знаете
Последни објави