Она што е пред нас е усогласување на ставот на политичките партии, бидејќи пред нас имаме исклучително значајна одлука, а тоа е продолжување на европската интеграција на државата, истакна денеска од Гевгелија претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали е можен договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
Ковачевски забележа дека гласањето во македонското Собрание значи гласање за обезбедување европска иднина на државата и продолжување на процесот на евроинтеграција, којшто зависи од нас.
– Порано ако сме имале вето од надвор денес за првпат може ветото да дојде внатре од државата. Меѓутоа еве да дадеме простор на процесот, сите да можат да ги кажат своите ставови и да ги модилираат согласно своите и интересите на граѓаните коишто сакаат со огромно мнозинство над 80 проценти да живеат во земја членка на ЕУ, вели Ковачевски.
Во дополнителното прашање дали е направен договор со ВМРО ДПМНЕ за гласање на уставните измени, Ковачевски со кус одговор дека остава простор за договор и секој да ги модерира своите ставови.
– Видете кога ќе има доволен број на гласови, 120 кога ќе гласаат минус два од Левица коишто сигурно немаат да гласаат. Тие се против членството на државата во Европската унија и се до тогаш оставам простор на договори и секој да ги модерира своите ставови, рече Ковачевски одГевгелија.