Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на Ју-ес опен и ја освои 24. Грен слем титула во кариерата. Ѓоковиќ во извореден меч го победи Данил Медведев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). Финалето во Њујорк траеше три часа и 17 минути.

Ѓоковиќ, исто така се врати на првото место на АТП листата. Тој ја започна 390.недела како светски број 1. Српскиот тенисер го израмни и апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 Грен слем титули.

Откако го освои последниот поен, емотивниот Ѓоковиќ се сети и на својот голем пријател, Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа.

По освојувањето на титулата, Ѓоковиќ извади маица со бројот 24 и порака: „Мамба, засекогаш“. Бројот 24, Брајант го носеше во еден дел од својата кариера во ЛА Лејкерс.

Треба да знаете
Последни објави