Трите ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) започнаа со дејство врз крак од пожарот кај Бељаковце, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во гасењето вклучени се и армискиот и полицискиот хеликоптер, како и пожарникарите од неколку противпожарни единици, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце.
Пожарот од Бељаковце се прошири на два крака, едниот се спушти до соседното Стрезовце. Гори нискостеблеста шума, сува трева и стрништа. Пожарот избувна вчера после 16 часот.