Eден чувар на зоолошката градина загина, а друг е повреден кога денеска женка носорог ги нападна во Зоолошка градина во предградието на Салцбург, Австрија.
Директорката на зоолошката градина „Хелбрун“, Сабине Гребнер, на прес-конференцијата изјави дека не се знае точно како се случил инцидентот, а жената која работела како чуварка починала откако се здобила со повреди на градниот кош.
Таа додаде дека повредениот чувар бил итно пренесен во болница и дека не е во животна опасност.
Грабнер изјавила дека инцидентот се случил утрово додека ги хранеле животните и ги лекувале со средства за заштита од инсекти, пренесе Ројтерс.
– Чуварката на зоолошката градина, Германка од Баварија, била многу искусна и специјализирана за носорози – истакна Гребнер.
Таа рече дека чуварите биле нападнати од женка носорог по име Јети.