Кумановци со црева краделе гориво од резервоари во Маврови Анови

Кумановци биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, ги лишиле од слобода Д.С. и С.М., на возраст од 52 и 55 години, двајцата од Куманово, се појаснува во соопштението.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот. Потоа ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави