Одбојкарите на Словенија и Франција беа успешни во своите четвртфинални натпревари во Варна и обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Во првиот четвртфинален дуел Словенија ја совлада Украина со 3-1 (25-17, 31-29, 21-25, 25-23), додека Франција синоќа со максимални 3-0 беше поуспешна од Романија.
Словенија во четврток во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Полска и Србија кое е на програмата попладнево во Бари.
Последниот патник во финалето ќе биде познат вечерва по натпреварот меѓу Италија и Холандија, исто така во Бари.