Повратникот во редовите на загрепски Динамо, Аријан Адеми, поради повреда на листот на ногата нема да биде во составот на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар од 20:45 часот на гостински терен против Малта во рамки на евроквалификациите.
Адеми, како што соопшти денеска ФФМ, почувствувал болка веднаш по синоќешниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали.
– Станува збор за истата повреда поради моја Адеми беше спречен да даде придонес и за натпреварот против Италија, се наведува во соопштението.
Поради болки во грбот вечерва во македонскиот состав ќе отсуствува и стандардниот голман Столе Димитриевски, а на негово место дополнително беше повикан Дарко Талески.