Американската Либертаријанска партија побара старателство за претседателот на државата Џозеф Бајден и лидерот на републиканците во Сенатот Мич Мекконел. Либертаријанците наведуваат дека причината за ова е „инвалидност, ментални пропусти и недостатоци во донесувањето одлуки кои се јасно забележливи“.
-Способноста на двата субјекти (Бајден и Мекконел) ефективно да примаат и оценуваат информации, да донесуваат одлуки и да комуницираат е нарушена до тој степен што тие немаат капацитет да се застапуваат себеси или интересите на американскиот народ“.
Бидејќи ниту тие, ниту која било од доминантните политички партии нема да преземе чекори за смена на претседателот Бајден или лидерот на малцинството во Сенатот Мекконел, единствената принципиелна партија, Либртаријанска партија, верува дека е нејзина должност да продолжи напред по ова прашање“, беше соопштено од партијата.
„Една од најнавредливите и најгневните работи е финансиската тиранија што ни ја наметнаа геријатриските елити. Овие луѓе се на јавни функции со децении, собирајќи огромно богатство од лобисти, политички комитети, собирачи на средства за кампањи и даночни долари, додека просечниот Американец ја чувствува болката од инфлацијата и гледа како нивните заштеди исчезнуваат. Очигледно на некои од овие луѓе не им се доволни 50 години „јавна служба“ и тврдоглаво одбиваат да го предадат факелот, иако веќе не се способни за служба. Избраните функционери како Џо Бајден и Мич Меконел покажуваат редовни и многу јавни епизоди на непријатна дезориентација, ментална конфузија и симптоми на мозочен удар. Овие луѓе и другите како нив не се доволно добри за да останат сами во куќата цел ден. Колку се тие доволно добри за да ги водат нашите животи и да ги трошат нашите даночни долари“, рече претседателката на Либертаријанскиот национален комитет Ангела Мекардл.
Либертаријанската партија е една од партиите во САД надвор од двете главни партии (Републиканска и Демократска), во политички систем кој е речиси двопартиски. Својот најголем успех на претседателските избори го забележа во 2016 година, кога нејзиниот кандидат Гери Ерл Џонсон освои 3,3 отсто од гласовите.