Претседателот на Алтернатива Африм Гаши преку соопштение од неговата партија, јавно прашува дали имало тајна средба помеѓу Али Ахмети, Блерим Беџети и Сашо Мијалков на која се расправало за измените на Крвичниот законик.
Во прашањето нема други детали, но Гаши прашува која е улогата на Мијалков во овие измени на законикот.
„Кога сме кај средбите за измените на Кривичниот законик, имам уште едно прашање:
Дали имале тајна средба во Општина Сарај помеѓу Али Ахмети, Блерим Беџети и Сашо Мијалков за усогласување на измените на Кривичниот законик? Која е улогата на Мијалков во овие измени?“ стои во соопштението од Алтернатива.