Масовна гробница ископана во Либија по невремето, граѓаните повикуваат: „Дојдете да ни помогнете“

Најмалку 2.300 луѓе загинаа во поплавите што оваа недела го зафатија либискиот крајбрежен град Дерна, како последица на силната бура Даниел што ја зафати земјата. Поради големото количество тела во градот, ископана е масовна гробница во која се закопани телата завиткани во вреќи и ќебиња.

Истовремено, околу 10.000 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, така што бројот на загинати ќе продолжи да расте.

-Ги молиме сите млади Либијци кои имаат диплома или какво било образование за здравство да дојдат и да ни помогнат. Ни недостигаат медицински сестри, потребна ни е помош – повикал волонтер во Дерна, Мохамед Камати, пренесува Би-Би-Си.

Веќе почна да пристигнува помош од други земји, вклучувајќи ги САД, Германија, Иран, Италија, Катар и Турција, но земјата има големи проблеми во испораката и помошта на граѓаните поради нестабилната политичка ситуација во земјата.

Експертите појаснија дека оваа катастрофа се случила поради пукањето на браната долга 12 километри, поради што водата однела некои населби и поплавила големи делови од градот Дерна. Граѓаните го преживеаја ужасот во моментите што следеа, додека силната струја носеше се пред себе.

-Бев во шок кога видов што се случува, беше како цунами – изјави политичарот Хишам Чкиуат.

Треба да знаете
Последни објави