Меган пристигна во Германија со три дена задоцнување и ја воодушеви публиката со своето извинување

Во саботата вечерта, британскиот принц Хари ги отвори игрите Invictus во Меркур Шпил-арената во Дизелдорф, а неговата сопруга Меган Маркл не беше со него на отворањето. Таа се качила на авион во Лос Анџелес во понеделникот вечерта, а слетала во Германија во вторникот околу 16 часот.

Маркл веднаш пристигна на неофицијалниот прием за пријателите и членовите на учесниците на Invictus Games и се извини на толпата што не стигна на самото отворање и воодушеви многумина со нејзината искреност. Имено, Меган за време на својот говор изјави дека го пропуштила почетокот на игрите бидејќи морала да купи милкшејк за Лилибет и да го однесе синот Арчи на училиште.

– Посебно е чувството да се биде овде. Жал ми е што доцнам на забавата, но морав да се погрижам нашите деца да бидат безбедни дома. Слетав овде пред неколку часа и сум пресреќна – рече Меган и заработи громогласен аплауз од публиката.

Принцот Хари, исто така, претходно откри дека војвотката од Сасекс ќе навива за Нигерија на овогодинешните Invictus Games, откако откри дека има нигериско потекло.

– Возбуден сум што ќе ни се придружат претставници на нови нации. Тука се и Колумбија, Израел и Нигерија – рече војводата при отворањето пред публиката во преполната арена.

Треба да знаете
Последни објави