Спасовски на крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје

На покана на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

– Дарувај крв – спаси живот!, објави Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави