Во текот на вчерашниот ден (12.09.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
За време на контролата санкционирани се и 105 други видови на прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.