Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров каде со градоначалникот на оваа општина Александар Стојкоски го означија стартот на реконструкција на крак од улицата Шарпланиска во должина од 500 метри.
Покрај Мицкоски, на настанот присутни беа и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, советници од партијата во советите на општина Ѓорче Петров и Град Скопје.
Дека станува збор за минорен, а не некој капитален проект стои и во објавата на градоначалникот Стојкоски.
„Денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски и пратеникот Бојан Стојаноски го означивме стартот на целосна реконструкција на крак во должина од 500 метри кој се поврзува со главната ул. „Шарпланинска“ се наведува во објавата.
На истата таа објава незадоволни граѓани коментираат за неисполнети ветувања и нереализирани проекти на градоначалникот Стојкоски.