Лекари во Перу му го спасиле животот на двегодишното момче кое проголтало осум игли. Според тамошните медиуми, станува збор за медицински игли што се користат за вакцинирање животни на фармата каде што работи мајката на момчето.
– Дури кога влеговме во операционата сала и му го отворивме стомакот, ги откривме металните предмети и сфативме дека станува збор за игли, изјави д-р Ефраин Салазар.
Семејството живее во земјоделската област Таратопу, на околу 622 километри од главниот град Лима.
Момчето по операцијата е вон животна опасност.