Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон беше снимена како плете за време на годишното обраќање на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент.
Фон дер Лајен одржа говор на почетокот на новата законодавна година, кога Европската комисија, во која министер е Јохансон, ги кажува своите политички приоритети.
Илва Јохансон инаку е позната по љубовта кон плетењето, но овој клип предизвика бура на социјалните мрежи, а повеќето во коментари пишуваа дека говорот на претседателката на Европската комисија бил таков што дури и комесари во Европската комисија „умреле од досада“.