Некои од најистакнатите имиња во шоу-бизнисот се собраа да присуствуваат на Светското шоу на Вог на 14 септември 2023 година, по повод почетокот на Лондонската модна недела.
Театарот Ројал Друри Лејн беше домаќин на многуочекуваниот настан кој привлече голем број познати личности од А-листата, вклучувајќи ги Емилија Кларк, Тејлор Захар Перез, Кејт Винслет, Мејси Вилијамс и Кол Спроус. Додуша, најмногу се зборуваше за една мистериозна, маскирана личност која се прикраде на забавата, во клуб полн со познати личности.
Мистериозната личност не беше никој друг туку Леонардо ди Каприо. Тој беше забележан како пристигнува на афтер-журката во облека наменета да го скрие нговиот идентитет. 48-годишникот носел црн костум и го сокрил лицето зад црна капа и црна маска за да го задржи својот идентитет во тајност.
Актерот од „Титаник“ се обидува да ја задржи приватноста откако беше честа медиумска тема за јавно бакнување, како што тврдат странските портали, со неговата нова девојка, манекенката Виторија Серета, на една доцна ноќна забава во клубот на Ибица минатата недела. Наведениот бакнеж немаше да биде голема работа доколку Ди Каприо не беше критикуван во текот на годините за неговата наклонетост да излегува со млади модели.