Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод одбележување на 100 години македонска авијација

По повод одбележување на 100 години македонска авијација, на 16 септември 2023 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на спортскиот аеродром „Стенковец-Скопје“, свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Во рамки на настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од целиот регион.

Предвидено е акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме досега, а едриличарите ќе изведат акробации кои се стандардни за аеромитинзи. Специјални гости на настанот ќе бидат воздушните сили на Србија, Италија и Грција кои ќе се претстават со свои изведби во македонскиот воздушен простор.

Свои обраќања на настанот ќе имаат и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри и претставници на Аероклубот Скопје.

На аеромитингот ќе биде изложена и „Илинденка“, првиот и единствен македонски воздухоплов дизајниран и произведен во фабриката „20 Maj“, од членови на Аероклубот Скопје.

Треба да знаете
Последни објави