Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес 15.09.2023 година (петок) ќе учествува на Скопскиот економски и финансиски форум „SEFF 2023″ кој претставува трета годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии, насловен „Европа – ДА, Европа – СЕГА”.
Вицепремиерот Битиќи ќе го води вториот Панел, „Пазари, институции и економски просперитет” во времетраење од 11:40 – 12:40 часот, на кој ќе има и свое обраќање. Настанот ќе се одржи во конференциската сала на „DoubleTree by Hilton” во Скопје.