Мицкоски: Со измените на КЗ власта се подготвува за опозиција

Со измените на Кривичниот законик власта се подготвува за опозиција и се обидува да обезбеди покомотна состојба, изјави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Бутел, во врска со изјавата на премиерот Ковачевски во однос на овие измени. Тој додаде дека секој политичар кој направил криминал ќе одговара.

-Ковачевски многу работи зборува изминатиот период, често пати велам дека сепак поради институцијата која што ја претставува треба да се коментира, инаку индивидуално не знам дали воопшто заслужуваат тие негови позиции коментар но еве јавноста нека оцени, ако не е тешко дело перење пари, уцена итн., има неколку дела кои се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и останатите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба. Но мојата порака изминатите денови е иста, константна, а тоа е дека набрзо од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај овие измени кои што на начин на кој што ги направија со злоупотреба на европското знаменце ќе бидат ефективни, има уште десетици други членови кои што се дел и од кривичниот законик и од други закони по кои што секој оној криминален политичар, кој што сторил криминал ќе одговара. Така што мислам дека залудни им се овие обиде да направат нешто кое што мислат дека ќе им помогне но нема да им помогне, нагласи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави