Од Аероклубот Скопје денес на прес-конференција кажаа дека ги направиле сите напори за аеромитингот по повод 100 години макеоднска авијација да помине во најдобар можен ред и дека се вклучени сите институции за осигурување на безедноста на настанот.
„На овој аеромитинг имаме четири работи кои се забранети. Строго се забранети дроновите, сите што мислат да носат знајте дека има повеќе противдронски пушки и тие ќе бидат срушени веднаш штом ќе полетаат. Второ, немојте да користите ласери и огледалца за да им светите на пилотите. Најстрога е забраната за носење оружје. На овој настан ќе има многу полициско обезбедување, а оружјете е најстрого забрането“ рекоа од Аероклубот.
Тие исто така им порачаа на посетителите да не ги носат домашните миленици на настанот поради бучавата која ќе биде генерирана од сите воздухоплови на аеродромот Стенковец.
„Ако некој ги носи, ќе мора да ги води со повод, бидејќи едно вознемирување може да направи голем проблем. Кој има услови да го остави дома миленичето ќе биде најдобро. Нема да ги забраниме, ниту одземаме милениците, но добро е да ги оставите дома“ рекоа од Аероклубот.