Маричиќ: Имаме европски земјоделски политики, на чекор сме да добиеме други фондови од ЕУ за поддршка на аграрот

Вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината во Прилеп на тема „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ рече оваа година Европа и покрај предизвиците со кои се соочува од руската агресија врз Украина, буџетот за земјоделието и понатаму е во висина од 40% од вкупниот буџет на Европската Унија.

– Станува збор за 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Дури 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми кои Европската Унија ги определи како приоритет за заштита на земјоделците и вработените во земјоделските сектори што со себе ги носат климатските промени, рече Маричиќ.

За разлика од културата, Маричиќ кажа дека заедничката земјоделска политика на ЕУ е најстара и една од најважните политики, како во однос на бројот регулативи што ја регулираат оваа област, така и од аспект на уделот на земјоделскиот буџет во вкупниот буџет на Европската Унија.

– Примарната цел на заедничката земјоделска политика е да обезбеди стабилно снабдување со квалитетна, безбедна храна за населението на ЕУ. Да осигури пристапни цени и соодветен приход за земјоделците и да ја поддржи модернизацијата и развој на земјоделското производство и учествува во модернизацијата и развојот на руралните области, објасни Маричиќ.

Во таа насока вицепремиерот кажа дека тоа се и нашите политики и дека ги прифативме овие принципи, бидејќи како што рече Маричиќ, денес посебно внимание се посветува на подобрувањето на безбедноста и квалитетот на храната, заштита на животната средина, обнова и развој на руралните култури, зачувување на културните богатства и традиционалните обичаи.

Овие наши македонски земјоделски политики се блиски или идентични со оние на ЕУ, но, сега сме на чекор да добиеме пристап и до другите фондови за поддршка на земјоделието, а кога ќе станеме членка да ги користиме сите придобивки од буџетот за земјоделство на ЕУ, посочи Маричиќ.

На трибината се обрати ја и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.

Треба да знаете
Последни објави