Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги пофали напорите за поддршка на земјите во развој на меѓународната арена при отворањето на самитот Г77-Кина, чиј домаќин е Куба.
Во фокусот на самитот е научниот и технолошкиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји и неговото влијание врз развојот.
Гутереш рече дека поголемата меѓународна еднаквост е клучна за градење на консензус потребен за справување со климатските промени и нееднаквоста. Тој ги повтори повиците на поборниците за климатски промени кои долго време ги повикуваат развиените земји, вклучително и најголемите загадувачи на штетни гасови како САД, да платат за ублажување на климатските промени и да го намалат товарот на надворешниот долг.
Оваа година кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја предводи Г77.
Тој наведе статистика која покажува дека 84 милиони деца се изложени на ризик да останат надвор од училиште до 2023 година и дека над 660 милиони луѓе се без електрична енергија, додавајќи дека овие разлики сега го вклучуваат интернетот и напредокот во дигиталната технологија.
Групата Г77, која првично беше лансирана во 1964 година со 77 земји, сега има 134 членови.