Во интервју за порталот рацин.мк заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска зборуваше за актуелната политичка ситуација во земјата. Таа и покрај неизвесноста од уставни измени верува во напредувањето на Македонија кон Брисел. Таа смета дека ако СДСМ останеше на власт во 2006 та година, веќе ќе бевме полноправна членка на ЕУ како што сме сега на НАТО, но со многу помали компромиси. ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт ја турна Македонја во агонија на популизам. И Мицкоски добро ја памети 2006 година, вели Лукаревска. Ако сака да создаде поинаква слика за партијата која ја предводи, а не дека работи по нечиј диктат, тогаш прв ќе рече – дајте да одиме побргу кон Европа. Тажно е што домашни чинители калкулираат со нашата иднина користејќи се со лаги. Ниту идентитетот, ниту македонскиот јазик се загрозени. Ниту се изградени од стиропор ниту се чуваат во стиропор, вели заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервјуто, кое го водеше Љубиша Николовски.
Љубиша Николовски: Времето на скринингот полека истекува, а неизвесноста дали ќе има уставни измени расте. Колку е силна но и реална вербата во СДСМ дека тие ќе се случат?
Сања Лукаревска: Членството во ЕУ е стратешка цел на речиси сите политички партии во земјава, барем според нивните програми.
Кандидатскиот статус го добивме пред 18 години, во 2005-та. Оние кои се родија таа година, денес се полнолетни.
Добар дел од нас, од нашите граѓани, бевме полнолетни и во 2006 година. На изборите , во таа 2006, гласањето против СДСМ ја втурна Република Македонија во агонија.
Следуваа години на политика на наводна непопустливост, години во кои популизмот беше поважен од реалниот живот и од интересите на граѓаните. На политичката маса понудата се промени, а влогот се зголеми – од култура на компромис до болни компромиси.
Оттаму, јас сум цврсто убедена дека да не дојдеше до промена на власта во 2006-та, веќе ќе бевме полноправна членка на ЕУ, како што сме на НАТО, но со многу помали компромиси.
Ако сме извлекле некаква поука и ако сме ЗА современа македонска држава, со европски фундаментални вредности, тогаш имам причина да верувам во нашето напредување кон Брисел.
Значи, не треба да дозволиме повторно да нè враќаат во античко време. Доволно е да се потсетиме на 2006 година.
Цврсто убедена дека да не дојдеше до промена на власта во 2006-та, веќе ќе бевме полноправна членка на ЕУ, како што сме на НАТО, но со многу помали компромиси.
Тврдоглавоста на Мицкоски да не прифаќа уставни измени најчесто од власта се толкува како лична суета и борба за власт. Но, има и такви коментари во јавноста дека е воден од други, туѓи интереси кои не сакаат МКД да продолжи на европскиот пат. Каков е вашиот став и дали за ваквите тврдења има основа?
И Мицкоски добро ја памети 2006 година. Ако сака да создаде поинаква слика за партијата која ја предводи, а не дека работи по нечиј диктат, тогаш прв ќе рече – дајте да одиме побргу кон Европа.
Суета ли е, тврдоглавост ли е, туѓи интереси ли се… не знам и не би нагаѓала. Верувам само кога ќе видам дека преку своите постапки искрено се залага за правна држава, за борба против корупцијата, за подобар стандард, за неизолирана држава во која некои старо-нови семејни лози нема да можат повторно да ни го заробат животот.
Со целта-членство во ЕУ израснаа генерации. Со сегашниот наратив на луѓе кои мислат дека ова е тој момент, ова се нивните 5 минути, како ВМРО-ДПМНЕ тие, всушност, со години нè оддалечуваат од таа цел.
Мора да разговараме, да се договараме, да градиме култура на дијалог, најнапред дома. И договореното да важи, а не да ги менуваме ставовите во зависност од реакциите на социјалните мрежи. Да објаснуваме, а НЕ да манипулираме. Сериозни, одговорни луѓе мора да туркаат со силата на аргументите напред, макар и по цена на сопствената кариера. Еден ден вистината ќе дојде „по своето“ и „на своето“.
Тажно е што домашни чинители не сакаат или , поточно, калкулираат со нашата иднина користејќи се со лаги. Ниту идентитетот, ниту македонскиот јазик се загрозени. Ниту се изградени од стиропор ниту се чуваат во стиропор. Бесцелни се неколкуте политички кариери кои не можат да се извлечат од сопствената немоќ и таа немоќ ја проектираат врз целата држава.
Целото интервју на следниот линк.