Холандската полиција денеска повторно употреби воден топ за да растера неколку стотици луѓе кои го блокираа главниот автопат во Хаг во знак на протест против владините субвенции за индустријата за фосилни горива.
„Сите демонстранти кои го блокираа А12 (автопат) се отстранети“, соопшти полицијата.
Протестите се одржуваат осми ден по ред, а демонстрантите, еколошки активисти, најавија дека протестите нема да завршат додека не се смени политиката на холандската влада во поглед на поддршката која ја дава на производителите на фосилни горива.