Една жена почина, а дванаесет лица завршија во болница по појава на ботулизам во ресторан во Бордо, Франција, пишува Гардиан.
Ботулизмот е невролошко заболување кое најчесто е предизвикано од јадење храна која не е правилно складирана.
На масата во ресторанот сите јаделе сардини кои сопственикот на ресторанот ги чувал во тегли.
Лекарот во болницата, Бенџамин Клузо, рече дека дополнителни дванаесет лица сè уште се лекуваат. Пет од нив биле на респираторна поддршка. Меѓу пациентите има американски, ирски и канадски државјани. Германскиот државјанин отпатувал дома на лекување, како и жител на градот Барселона, рекол докторот.
Сите болни јаделе во винскиот бар „Чин Чин“ меѓу 4 и 10 септември, кога во градот, познат по виното и храната, имало голем број туристи.
Ботулизмот е болест која е фатална во 5-10 проценти од случаите поради токсинот што го произведува бактеријата Clostridium botulinum, а може да се појави и кога конзервираната храна не е доволно стерилизирана.
Не е исклучена појавата на нови случаи на ботулизам, кој има период на инкубација до неколку дена. Ботулизмот може да предизвика мускулна парализа која трае неколку недели, а најголемата опасност доаѓа од респираторните мускули ако се зафатени од болеста.
Ресторанот рече дека исфрлил неколку тегли со сардини поради силниот мирис кога ги отворил. Сепак, другите „изгледаа доста добро и им беа послужени на гостите“, рече тој, пишува Гардиан.